Софија Вергара победи во судската битка со поранешното момче Ник Лоеб…

Пресудата пристигна по повеќегодишното судење, а спорот настана околу двата замрзнати оплодени ембриони кои поранешниот пар ги направил во медицинската клиника во Калифорнија.

Софија и Ник беа заедно од 2012 до 2014 година и тогаш, во обид за оплодување на сурогат мајка, направиле инвитро оплодување на две јајце клетки. Откако тие се разделија, Лоеб поднесе барање за старателство над тие ембриони, но тоа подоцна беше одбиено.

Вергара во 2016 година го тужеше Лоев и побара од судот да донесе одлука бидејќи секој негов обид за добивање на контрола над тие ембриони го крши договорот кој и двајцата го потпишале.

Во неодамнешната пресуда стои токму тоа, пишува „TMZ“. Судот трајно го блокирал пристапот на Лоеб до ембрионите без согласност од страна на Вергара. Лоеб најави жалба на пресудата.