Судијата Енвер Беџети од Апелациониот суд Скопје, за кого под притисок на јавноста Судскиот совет отиде во контрола и утврди дека 9 месеци го чувал предметот „Тврдина-Таргет” за да застари, помина само со парична казна, објави СДК.мк.

Како што пишува СДК.мк Судскиот совет по поведена дисциплинска постапка, денеска одлучил да го казни Беџети 20 отсто од платата во наредните 6 месеци.

Додека Беџети беше критикуван дека како судија известител без причина не го изнесувал на седница предметот за масовното незаконско прислушување и се бараше негова одговорност, Судскиот совет ја чуваше неговата постапка во фиока, зашто беше кандидат на огласот за врховен сидија.

Беџети го турна конкурсот, бидејќи затоа што не доби гласови за унапредување, членовите Албанци во Судскиот совет не ги гласаа кандидатите Македонци.

Целата вест на СДК.мк