Апелационен судија кој бил дел од трочлениот кривичен судски совет кој што по вторпат го укина притворот, вчера го прекинал боледувањето за да земе учество во работата на советот, објави Телма.

Судијата бил и дел од советот кој минатата недела донесе иста таква одлука.

Од скопска Апелација за Телма потврдија дека судијата по електронска пошта на 23-ти ноември (ден по првата одлука за укинување на притворот) го известил судот и надредените дека има висока температура и затоа матичниот лекар му отворил боледување на неопределено време.

Но вчера апелациониот судија се вратил во судот и пријавил дека го прекинал боледувањето поради тоа што проценил дека здравствената состојба му е подобрена.

За жалбата на Мијалков одлучувал ист кривичен совет но во поинаков состав, еден од тројцата судии зел одмор, едниот бил на боледување па се вратил и вчера наутро само еден судија бил на работа и ја презел претседателската улога во советот.