Со осум гласа за и пет против, судијата Африм Фидани е избран за претседател на Врховниот суд.
За Беса Адеми која конкурираше за повторен мандат гласаа само двајца членови, додека единаесет беа против.
Фидани е судија на Врховен суд од 2017 година.
Во неговата биографија објавена на веб-страната на судот стои дека по завршување на средното училиште и отслужување на воениот рок, во 1985 година се запишува на Правниот факултет на Приштинскиот универзитет.
Во 1989 година дипломира.
Работно искуство: Од 1990 до 1996 година работи во просвета на работни задачи – правно административни. Од 1996 до 2005 година работи во Државниот инспекторат за труд на Република Македонија, како републички инспектор за труд област на работни односи. Од 2005 до 2007 година е секретар на Општина Врапчиште – Врапчиште. Од 2007 до 2011 година е адвокат со седиште во Гостивар. Од 18.7.2011 година е избран за судија во Апелациониот суд Скопје – кривичен оддел.