Судан воспостави контрола над поголемиот дел од територијата откако ја обвини Етиопија дека се обидува да заземе област во близина на границата помеѓу двете земји.
– Веруваме дека дијалогот е решение за секој проблем, но армијата на Судан ја врши својата должност за да ја поврати нашата територија, изјави суданскиот министер за информации Фаисал Салих.
Тој додаде дека армијата ја вратила контролата над 60 до 70 отсто од делот на суданската територија и оти се намалени судирите во изиматите два дена.
Тензиите во пограничниот дел помеѓу Судан и Етиопија се зголемија откако во ноември почна конфликтот во регионот Тиграј, северна Етиопија и во источниот дел на Судан пристигнаа над 50.000 бегалци.
Судирите помеѓу Судан и Етиопија се за обработливо земјиште, што се наоѓа на суданска територија, а подолг период таму се населени земјоделци од Етиопија.
Изминатиот период повеќе пати се судрија суданските и етиописките сили, а на 23 декември се одржаа и разговори во Картум за моменталната состојба.