Владата на вчерашната седница ја усвои програмата за оваа година за поттикнување на енергетската ефикасност во домаќинствата. Со 52 милиони денари се планира да се покријат повеќе мерки. Државата ќе надомести до 30 отсто од трошоците за купување и вградување на сончеви колектори но не повеќе од 10 илјади денари по семејство. Државата ќе надомести и 30 отсто од трошоците на домаќинствата, но не повеќе од 62 илјади денари кои ќе купат и инсталираат фотонапонски панели за производство на струја до 4 киловати за сопствена потрошувачка. Предвидени се и пари за надомест на трошоци на граѓаните кои ќе наместат ПВЦ или алуминиумски прозори во домовите. Повратот би бил 50 отсто од трошоците, но не повеќе од 20 илјади денари по домаќинство.
– Advertisement –