Луис Суарез игра фантастично во дресот на Атлетико Мадрид. Во воментов се први на табелата, а Уругваецот воедно е лидер по бројот на постигнати голови. Сепак, јасно е дека тој не сакаше да замине од Барселона, едноставно беше „избркан“. Виновник за тоа е тренерот Куман кој му соопштил дека не смета на него.
– Ми се јави Куман и ми кажа дека не смета на мене. Од Барселона бараа да не одам на тренинзи, но јас им реков дека постојано ќе тренирам додека сум под договор. Не ми дадоа никакво објаснување, ми кажаа само дека тренерот не смета на мене, дека тоа е негова одлука, изјави Суарез.
loading…