Кога во септември Уругваецот Луис Суарез (34) се обидуваше да се избори за заминување од Барселона, имаше гласови од „Камп Ноу“ дека нема да му дозволат да се пресели во Атлетико, но тоа не се случи.
Во Барса сè уште се сеќаваат како го пуштија Давид Виља да замине во Атлетико Мадрид во 2013 година, а тој потоа со „јорганџиите“ ги исфрли од Лигата на шампионите и ја освои титулата шампион на Шпанија. Виља играше за Атлетико само таа сезона и постигна 15 гола на 47 натпревари во дресот на „јорганџиите“.
И сега се повторува прашањето дали историјата се повторува, дали Каталонците двапати ја прават истата грешка..
Суарез игра одлично, во неделата учествуваше во победата против Кадиз на гости (4:2) со два гола, а Атлетико во моментов е убедливо прв на табелата, со 10 бода повеќе од второпласираната Барселона и третопласираниот Реал Мадрид, а воедно составот на Диего Симеоне има и еден меч помалку.
Покрај тоа, Суарез е најдобар стрелец во шампионатот со 14 погодоци на 16 натпревари и еден од најзаслужните што популарниот „Чоло“ (50) ита кон својата втора титула во „Ла Лига“.
Неколку месеци по заминувањето на Суарез, во Барселона има низа проблеми поради Лионел Меси чиј договор истекува на крајот на оваа сезона и останува да се види дали ќе потпише нов договор или ќе ја продолжи кариерата во друг клуб.
Неверојатни се клаузулите во договорот на Меси со Барселона!