Уругваецот е вистински предводник на Атлетико Мадрид
Атлетико Мадрид ја задржачелната позиција во шпанското првенство откако без многу проблеми славеше против Елче со 3:1, во меч од 14. коло од Примера дивисион. Луис Суарес кој сезонава пристигна во мадридскиот тим, покажува дека е одлично засилување. Уругваецот даде два гола, а врз него беше направен и пеналот кој го реализира Диего Коста за 3:1.
За Суарес ова беше јубилеен 200-ти меч во шпанското првенство. Има 191 натпревар како играч на Барселона, а денеска по деветти пат играше за Атлетико. Јубилејот го зачини со погодоци во 41 и 59 минута, а Елче намали на 2:1 во 64 минута.
Да нема многу дилеми до крајот, се погрижи Коста кој го погоди пеналот направен врз Суарес. Со овие три бода Атлетико сега стигна до 29 бодови по 12 одиграни средби и има три повеќе од Реал Сосиедад (14 меча) и Реал Мадрид (13 средби).