Ситните честички кои лебдат во воздухот, аеросолите, се главниот виновник за пренесување на коронавирусот, но според наодите на научниците, тоа се случува претежно во затворен простор, додека на отворено речиси и да нема опасност од инфекција.
Бидејќи циркулацијата на отворен воздух е многу поголема.
Има проток на ветер, така што концентрацијата на аеросолите многу брзо се разредува“, изјави за Дојче веле раководителот на Институтот за јавно здравје при Универзитетската клиника во Бон, Нико Мутерс
„Ако не држите растојание, туку се гледате лице в лице и разговарате гласно, пеете или викате, тогаш, наместо со аеросоли, може да се заразите со капки“, велат виролозите.
Студиите потврдуваат дека ризикот од инфекција на отворено е исклучително мал. Една студија од Кина проучувала 7.324 случаи на инфекција и само во еден случај била на отворено. Виролозите велат дека истото важи и за мутациите на вирусот кои се нешто позаразни, но „мутаните не летаат повеќе“.
На прашањето дали, на пример, на една ливада каде што седат различни групи на луѓе, можно е ветерот да однесе аеросоли од едните до другите, физичарот и истражувач на аеросоли Герхард Шух вели дека тоа е практично невозможно. Поради телесната температура, се создава еден вид на воздушна струја која, како и со камин, оди нагоре, вели Шух и објаснува дека температурата на човечкото тело од 36 до 37 степени е генерално повисока од надворешната, што доведува до тоа, потоплиот воздух да оди нагоре, а со самото тоа и евентуален облак со аеросоли.
Експертите велат дека спортистите, на пример кога џогираат, треба да одржуваат растојание од метар и половина и дека така ќе бидат безбедни, и покрај фактот што поради физичкиот напор тие дишат подлабоко и испуштаат повеќе честички во воздухот. Шух вели дека не гледа проблем во тимските спортови, како што е фудбалот, но предупредува дека проблемот се појавува кога спортистите користат иста соблекувална или бања.
Ниту една студија сè уште не го поврзала пасивното пушење со зголемен ризик од инфекција со коронавирус, а Шух тврди дека со пушењето не се ослободува повеќе вирус во околината, со кој се согласува и Мутерс. Тие се согласуваат дека пушачите имаат малку поголем ризик од развој на потешка форма на болеста доколку се заразат, но за другите не се поопасни.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.