Студентскиот дом “Кузман Јосифовски Питу” не е “под клуч” туку се реновира, нешто што 7 години беше научна фантастика. Најгласни се оние кои не успеаја да заковаат ниту една шајка во домовите. Дури четири претходни министри од времето на СДС не реконструираа ниту еден прозор во домовите, а сега им пречи што двата дома нема да бидат готови до октомври, туку до декември, реагираат од Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ откако од СДСМ обвинија дека наместо реновирање, ВМРО-ДПМНЕ го остави студентскиот дом под клуч.
„Владата предводена од ВМРО–ДПМНЕ ја започна реконструкцијата на студентските домови. Како што и беше најавено двата во Скопје – Стив и Кузман ќе се реконструираат до крајот на календарската година, по што во нив преку конкурс ќе се сместат студенти.
Важно е што Владата обезбеди и неповратен грант од 5,5 милиони евра од ЕУ со што буџетот за реконструкција на домовите се зголеми на над 30 милиони евра. Годинава е зголемени и буџетот за студентскиот стандард за 6 милиони евра, односно за 18% споредбено со лани, кога буџетот го креираше Владата на СДС“.
Според нив, новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, има слух за младите и прифати 10-тина барања на студентите.
„Наместо да молчат за егзодусот што го направија во изминатите 7 години во кои има 17 илјади ученици и 7 илјади студенти помалку, тие бесрамно се појавуваат во медиуми и кажуваат нови лаги“, им порачуваат владите од ВМРО-ДПМНЕ на СДММ./Макфакс
Текстот Студентскиот дом “Кузман Јосифовски Питу” не е “под клуч” туку се реновира, велат од ВМРО-ДПМНЕ е превземен од МАКФАКС.