Студентите од Правен факултет вечерва во 18 часот излегуваат на протест пред Влада, поради измените на Кривичниот законик, со кој се предвидуваат помали затворски казни за функционери, за кои ќе се докаже дека извршиле злоупотреба на службената положба.
Поддршка на протестот стигна и од Студентски отпор, како организација која се залага за подобрување на студентскиот стандарт и актуелизирање на сите студентски проблеми.
Како што велат од таму, застануваат со поддршка за студентите од правен факултет кои спонтано се самоорганизираат да протестираат по повод измените во кривичниот законик.
-Ја поздравуваме секоја иницијатива, активизам и борба на сите студенти во било која форма, затоа што само со масовен отпор на сите фронтови за сите проблеми, можеме да се избориме за подобрување на студентскиот стандарт и студентите воопшто.
Студентски отпор го поддржува протестот на студентите кој ќе се одржи денес пред Влада на Р.Македонија во 18:00 часот, се вели во соопштението од Студентски отпор.