Денеска се одиграа натпреварите од првото кваливикациско коло од Купот на Конфедерации. Струга Трим и Љум денеска го имаше своето деби на европската сцена, а за противник го имаа Лиепаја. Нашиот претставник првиот натпревар го одигра на гости во Летонија каде ремизираше со резултат од 1:1.
Домашниот им одлично го започна натпреварот, имаа неколку опасни шанси по голот на Стружани, но сепак одбраната на Струга Трим и Љум одлично се справи.
Во 31. минута од натпреварот Додо ја затресе мрежата на Стружани и му донесе водство на Лиепаја од 1:0.
И Струга Трим и Љум имаше свои шанси во првото полувреме но, сепак резултатот остана непроменет.
Второто полувреме Струга Трим и Љум го започна значително подобро од првото. Фудбалерите создадоа неколку одлични шшанси, играа послободно со топката, но резултатот остана 1:0 се до судиското надополнување.
Во третата минута од судиското надополнување Исени ја затресе мрежата на Лиепаја и изедначи на 1:1. По корнерот, дефанзивецот на прва статива одлично одигра со глава и го матира голманот, со што ги постави конечните 1:1.