Драма во „Комуналец“ во Охрид, откако 51-годишен стружанец останал без својот автомобил кој бил подгнат од страна на шлеп службата.
Според информациите од полицискиот билтен, тој со употреба на сила ја отворил вратата од паркингот каде се оставаат возилата кои биле подигнати од шлеп службата на ЈП „Билјанини извори“ и го земал своето возило „фолксваген поло“ со струшки регистарски ознаки, кое претходно било подигнато од шлеп службата на претпријатието и заминал.
МВР против него поднесе кривична пријава.