Градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов, преку социјалната мрежа X упати предлог за обединување на сите македонски партии ,,пред да биде доцна”.
„Мојот предлог е да се обединиме пред да биде доцна . ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ЛДП, НСДП, апсолутно сите . Не може да се дели и уништува македонското ткиво, да се угнетуваат струмичани и струмичанки додека во центарот на Скопје се гази македонската чест и достоинство. За жал струмичкото ВМРО-ДПМНЕ нема сенс за националните интереси и интересите на граѓаните”, стои во објавата на струмичкиот градоначалник Костадинов.
Мојот предлог е да се обединиме пред да биде доцна.
ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, НСДП ЛДП апсолутно сите!Не може да се дели и уништува македонското ткиво, да се угнетуваат струмичанки и струмичани, додека во центарот на Скопје се гази македонската чест и достоинство.
За жал струмичкото… pic.twitter.com/gy2gT5y137
— Костадин Костадинов (@kostadinkosta1) November 29, 2024