Општина Струмица ќе ја субвенционира цената на гасот со 10 денари. За таа намена предвидени се 3 милиони денари во Буџетот за идната година.
Вака кажа градоначалникот на Струмица – Костадин Костадинов со цел да ги мотивира струмичани да се приклучат на гасоводната мрежа бидејќи природниот гас е најефтин и најеколошки енергенс со што ќе се придонесе да се намали аерозагаденоста во Струмица, пренесува ТВ 24.
Во Струмица на гас се греат околу 400 физички и правни лица. Изградена е секундарна гасоводна мрежа од 40 километри.
Приклучокот на гасоводната мрежа во Струмица за домаќинства со вградување на мерно регулационен сет се движи од 600 до 800 евра во зависност од објектот.
Општина Струмица неколку години наназад издвојуваше субвенции од 100 евра за приклучување на мрежата, но сега одлучи да ја субвенционира цената на гасот со 10 денари за потрошен кубен метар.