Полицијата затекна три малолетни лица синоќа во близина на месноста Ајватовски рид кај населбата Илинден.

При преглед, во ранецот што го носеле пронајдени се две шишиња со по 1,5 литри бензин, две петарди, запалка и течен лепак, по што се приведени.

Од МВР додаваат дека во присуство на дежурен тим на Јавна установа центар за социјални работи и адвокат обавен е службен разговор, по што со потврда за предавање на лица истите се предадени на ЈУМЦСР.

Текстот Странски државјани фатени со бензин, петарди и запалка кај Илинден е превземен од МАКФАКС.