Странците од земјите членки на ЕУ или на ОЕЦД во иднина нема да можат да добијат престој во земјата ако во конто немаат намалку 40 илјади евра. Вакво решение е предвидено во измените на Законот за странци, кој е во собраниска процедура.
„Странец, државјанин на држава членка на Европската унија или на ОЕЦД или кој согласно со меѓународен договор ратификуван согласно Уставот на Република Северна Македонија стекнал право на сопственост на стан, станбена зграда или куќа на територијата на Република Северна Македонија под услови утврдени со закон, во износ од најмалку 40.000 евра.“, стои во предлогот на МВР
Ваков услов не е предвиден во земјите од регионот. Но, ова, според министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, не претставува проблем бидејќи како што вели, политиките и правниот систем кај нас не зависат од земјите од регионот и во овој случај принципот на реципроцитет не важи.
За разлика од С. Македонија, законските регулативи на Албанија, Косово и Србија, во услови кои ја одредуваат дозволата за престој на странски државјани, бараат само доволно финансиски средства за живеење и усогласеност со законските одредби за осигурување, задолжително пријавување и почитување на роковите за престој.