Стотици македонски државјани викендов се вакцинираа или ревакцинираа во Србија, објави Сител ТВ. На пунктот во Врање тие можеа да ја примат првата доза на Фајзер или алтернативно кинеската вакцина. Вкупно биле пријавени 750 наши граѓани, но српските медиуми јавија дека некои се вакцинирале и без претходно закажување. Досега во овој град се вакцинирани 1.105 Македонци, од кои 836 ги примиле двете дози.
Како што објави Сител ТВ наште граѓани можеа да се вакцинираат и во Ниш, со Синофарм, АстраЗенека и Фајзер. Од МВР потврдија дека на граничниот премин Табановце последниве два дена е забележана зголемена фреквенција на македонски државјани.