Стотици британски деца никогаш не јаделе јаболко во животот, или четвртина од анкетираните, а петтина никогаш не слушнале за банана.
Во британската студија, во која учествувале 1.000 деца на возраст од шест до 11 години, многу деца не знаат од каде потекнуваат овошјето и зеленчукот.
Една третина веруваат дека овошјето и зеленчукот едноставно доаѓаат од супермаркетите, додека 11 отсто од нив веруваат дека се произведени во фабрика.
Други плодови за кои не слушнале се јагоди (21 процент), лимони (27 проценти), додека 31 процент никогаш не јаделе портокал. Истражувањето е спроведено од компанијата за фрижидери „Беко“ и „Харвест фрест фриџ“. Студијата покажа дека 32 отсто од децата мислат дека овошјето и зеленчукот се од друга земја, секој десетти верува дека ниту едно од нив не се одгледува во Велика Британија.
Кога станува збор за зеленчук, многу деца не слушнале за слатка пченка (29 проценти), карфиол (33 проценти) и моркови (25 проценти). Некои никогаш не пробале брокула (36 проценти), грашок (34 проценти) и компири (29 проценти).
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.