Претседателот Стево Пендаровски ја однесе малата Ембла во училиштето во Гостивар, каде таа минатата недела беше оставена сама да ја следи наставата, поради бојкот од страна на родителите на нејзините соученици. Тие преку петиција информираа дека нема да ги пуштат децата на настава поради „агресивност на ученичката Ембла“, која има Даунов синдром. Ваквиот потег предизвика лавина реакции во јавноста и ги крена институциите на нозе.
Сторијата за Ембла и потегот на претседателот Пендаровски денеска беше објавена и на американската телевизија CNN.
Целиот случај беше обелоденет од новинарот Фуркан Салиу од албанската телевизија Клан.