Храната во следните три месеци се очекува да поскапи од 40 до 50 насто. Доколку итно државата не преземе мерки, граѓаните треба да очекуваат ценовен шок, предупредуваат од Стопанската комора. Поскапување ќе има на житните производи, брашното, лебот, свежото месо, сувомеснатите производи, млекото и млечните производи, но и на сите останати основни прехранбени производи.
Advertisements
„Се очекува поскапување на крајните производи да биде од 40 до 50 проценти, а тука секако треба да се додаде и новата цена на енергенсите. Крајно време е за една итна средба и тоа со заменик премиерот во Владата задолжен за економски прашања, и тоа во проширен состав со цел изнаоѓање решенија за ублажување на последиците од ценовниот шок со суровините во овој сектор“, вели Васко Ристовски- Стопанска комора.
Во моментов цените на основните прехрамбени продукти се повисоки од 5 до 10 насто. Од Комората велат дека постојано се апелира до институциите за навремени мерки за да се ублажи ударот кој се очекува, но засега нема слух за нивните барања.
„Ние на оваа појава на почакување на цените укажувавме неколку пати од почетокот на годината. Поскапувањето на месните преработки се очекува биде од 5 до 10, можеби 15 процени, колку што е на глобалните светски пазари, но може да биде до крајот на годината и до 30 – 40 проценти ако државата и владата продолжи да ја игнорира поддршката“, рече Гоце Трајчев- Стопанска комора.
Потребно е менување на моделот на субвенционирање и инвестирање во нова технологија, зошто во иднина постои опасност да немаме домшано производство и да зависиме од целосен увоз, велат од Комората. Причини за растот на цените е пандемијата, климатските промени, скапиот транспорт, недостиг на работна сила и растот на цената на енергенсите.
Андреа Чобанова