Повеќе стоматолошки институции преку соопштение соцелосна поддршка ја поздравуваат одлуката на Министерот за здравство која се однесува на Стоматолошката комора на Македонија.
– Цениме дека оваа одлука ќе придонесе за надминување на повеќе годишните проблеми и недостатоци во функционирањето на комората и ќе биде во насока на унапредување на стоматолошката дејност, се вели во соопштението.
Поддршка од :
– Стоматолошки факултет Скопје
– Стоматолошки факултет Тетово
– Македонско стоматолошко друштво – МСД
– Здружение стоматолошко друштво на Албанците Тетово – СДА
– Здружение на приватни здравствени стоматолошки установи и приватни доктори по дентална медицина – ЗПЗСУ ПДДМ