Лажните референдуми што ги одржува Русија немаат легитимитет и се грубо кршење на меѓународното право. Овие територии се Украина, напиша генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на Твитер.
Тој информира дека разговарал со украинскиот претседател Володимир Зеленски и го уверил во непоколебливата поддршка на сојузниците за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.