Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека рускиот претседател Владимир Путин со инвазијата врз Украина „го уништи мирот во Европа“.Нашата посветеност на членот 5, нашата клаузула за колективна одбрана, е цврста. Ќе ја браниме и браниме секоја педа од територијата на НАТО, потенцира Столтенберг. Тој додаде дека „НАТО не бара конфликт со Русија и се залага за дипломатско решение на конфликтот во Украина“.
-Претседателот Путин го уништи мирот во Европа. Сојузниците ја осудуваат неоправданата и брутална инвазија врз Украина. Рускиот напад е целосно неприфатлив и е помогнат од Белорусија, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.