Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека победата на Русија би била лоша за сите во Европа и Северна Америка, бидејќи ќе испрати порака до авторитарните лидери дека сите цели можат да се постигнат со употреба на сила.

Коментирајќи ја ситуацијата во Украина, Столтенберг во ексклузивното интервју за американскиот весник „Политико“ истакна дека успесите на Киев на бојното поле не би биле можни без поддршката на НАТО.

Генералниот секретар на НАТО е убеден дека Вашингтон ќе продолжи да испраќа воена и финансиска помош за Киев бидејќи победата на Путин во Украина исто така би била катастрофа за Украинците.