Неприфатливо е Иран да и доставува беспилотни летала и можеби балистички ракети на Русија за нејзината војна против Украина, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на прес-конференција во Истанбул. Киев и Западот го обвинуваат Техеран дека ѝ доставува борбени беспилотни летала на Москва, кои ги користел во Украина. И Техеран и Москва го негираат ова. „Гледаме дека Иран нуди беспилотни летала и планира да и испорача балистички ракети на Русија“, рече Столтенберг, наведувајќи: „Тоа е неприфатливо. Ниту една земја не треба да ја поддржува Москва во оваа нелегитимна војна“.