НАТО не верува во најавите на Русија дека ќе ги намали воените операции околу Киев и има информации дека не станува збор за повлекување, туку за прегрупирање, изјави генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг.
– Русите и претходно и повторно не лажат и ние не веруваме во зборови, туку само во дела, рече Столтенберг на прес-конференција во Брисел.
Тој посочи дека НАТО има разузнавачки информации дека руските војници не се повлекуваат, туку се прегрупираат, ги надополнуваат залихите и ја зајакнуваат офанзивата во регионот на Донбас.
-Истовремено, Русија го продолжува притисокот врз Киев и другите градови и очекуваме нови напади, кои ќе донесат уште повеќе страдања, рече генералниот секретар на НАТО.