Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, во своето гостување во емисијата ,,Што не е јасно?” на ТВ Алфа ја коментираше новата избрана влада која ќе биде предводена од наследникот на Зоран Заев, Димитар Ковачевски, посочувајќи дека ова е пионска влада со која ќе раководи и командува Зоран Заев од сенка, а повеќе Али Ахмети.
Во новата влада, поголемо влијание од Зоран Заев ќе има Али Ахмети, затоа што јас верувам дека Али Ахмети е премиер на оваа влада и тој и ДУИ управуваат со оваа влада, а СДСМ се тука само да пополнат место и ако може нешто да разурнат. Нормално, панцир на оваа криминална коалиција составена од СДСМ и ДУИ се малите партии – ЛДП, ДОМ и ДС кои што секогаш кога ќе се прави оваа влада Заев – 3, излегуваат со истите барања, дали од аспект на подобрување на животот на младите, животната средина или една изборна единица и скоро без исклучок ниту едно од тие барања не им е остварено, но суштината е што тие мали партии се таму затоа што се криминализирани, до гуша во криминал но и уценети. Тие луѓе наместо да се охрабрат и да го завршат ова патешествие кое го поминува народот во Македонија, се уште ја поддржуваат оваа криминална коалиција, рече Стојаноски.
Стојаноски говореше за кризите во Македонија – економска, енергетска, дипломатска, здравствена и кажа дека не е јасно како овие луѓе кои до сега управувале со одредени ресори ќе направат нешто подобро во новите со кои ќе раководат, кога до сега нижеле само порази. Како овие луѓе самите си веруваат во оние работи кои што целиот македонски народ ги убедува дека не се вистина? Едноставно ние знаеме дека не живееме подобро, дека не се градат проекти, дека нема нови автопати, дека нема инвестиции во инфраструктурата, здравството, образованието, но мене неколку пати ме зачудиле како можат да си веруваат во тие лаги кои си пласираат на Бихаќка и Шипковица каде што им се штабовите на партиите. Не би се согласил дека на народот ќе успеат да му го свртат расположението и ќе успеат да направат некаква димна завеса затоа што народот веќе си има формирано мислење. На локалните избори, без разлика што тие се обидуваат да ја спинуваат теза дека го изгубиле легитимитетот, сепак беше изјаснување, народот си излезе, си гласаше и резултатот остана таков каков што остана. Ниту една скапо платена машинерија, ниту еден обид за спин нема да успее повторно да го излажат народот, кажа Стојаноски.