Првиот човек на ЦУК, Стојанче Ангелов, зборувајќи во емисијата Студио 10 на Телевизија 24 изјави дека авионите за гаснење на пожарите се уште не се сервисирани, односно не се во функција, но како што вели сега тоа не е актуелно, поточно новинарите не се интересирале за тоа, а прашина ќе се крене во летниот период. Додава дека можеби има причина која тој не ја знае.
-Авионите за кои што летоска толку многу ни требаа и за што јавноста толку многу беше загрижена, до ден денес се нефункционални, но не гледам интерес кај новинарите да прашаат зошто не се функционални. Кога ќе дојде летото јас не сум сигурен дека авионите ќе бидат функционални, бидејќи таму има најверојатно некој посериозен проблем за кој што јас не знам, вели Стојанче Ангелов.
Тој потенцира дека гаснењето на пожарите е под надлежност на Дирекцијата за заштита и спасување, како и авионите за гаснење на пожарите, а Центарот за упрвување со кризи станува како главно координативно тело во моментот кога ќе биде прогласена кризна состојба.