Економистот и поранешен министер за финансии Борис Стоименов во емисијата „10 Минути“ на ТВ21 направи споредба меѓу буџетите од 1999 година и сегашниот од 2021 година.
Тој вели дека тогашниот буџет изнесувал 47 милијарди денари или 750 милиони евра.
„Тој буџет спореден во однос на сегашниот во 2021 година, е повеќе од 6 пати помал“.
Стоименов вели дека во полнењето на буџетот треба да учествуваат сите, но најмалку во него треба да учествуваат луѓето кои имаат ниски примања.