За Законот за работни односи да го носи Европското знаменце, треба како референца да ја има на пример Директива 2003/88/ЕЦ (Directive 2003/88/EC).

Но, референца нема затоа што не се работи за усогласување со европските норми, туку за класична злоупотреба за покривање на криминал, обвинува Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој на прес конференцијата изјави:

Посочената директива 2003/88/ЕЦ се однесува на организација на работното време, и каде во Членот 6 „најдолго работно време”, децидно стои дека бројот на работни часови се регулира со закон и пропис или со колективни договори во соработка со социјалните партери. И внимавајте, дека просечниот број на работни часови во текот на една недела, вклучувајќи и прекувремени часови, не надминува 48. Нагласувам, работна недела, вклучително прекувремено, не надминува 48 работни часа.

Почитувани, ова е европското право. Максимум 48, а не 60 часа или повеќе, затоа што така потпишал Ковачевски за ќеиф на Груби, Договор спротивен на Закони и европски норми. Уште повеќе, што веќе усогласен Закон во Македонија со 40 часа плус 8 часа работа, за волјата на Груби, сега се менува, спротивно на европските директиви. Се менува, за да нема ограничување, и тоа со европско знаменце.

Лажат, крадат и кршат норми и закони. Ниту им е до Европа ниту им е до закони, до криминалот им е и до провизиите.

Почитувани, секое премолчено одобрување на вакво кршење на процедурите, секое премолчено газење на Собранието, секое кршење на демократијата е преседан што создава практика и можност за идно повторување.

Одговорност ќе има, и ќе одговараат за секој еден денар.