Заевизмот продолжува тоа вчера се докажа. Димитар Ковачевски е само пиун, продолжена рака на Зоран Заев кој што сега ќе го спроведува Заевизмот, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, на прес конференција.

-Ковачевски ги повторува истите бледи тези како Зоран Заев под плаштот дека ќе ги спроведува истите политики. Истите ветувања на Зоран Заев, од кои ниту едно не е исполнето, сега ги повторува Ковачевски. Тоа вчера и самиот го кажа.

СДСМ не знае понатаму од лагите на Зоран Заев. Зоран Заев прво го промовираше за свој наследник, а потоа му организираше избор со однапред познат резултат.

Ковачевски е иста матрица, и исто како и Зоран Заев и него има низа сомнежи. Зошто Ковачевски и СДСМ се обидуваат за истиот за Ковачевски да продаваат лажна биографија и да фризираат факти?

Димитар Ковачевски мора да одговори дали курсот на Харвард го претставува како факултетска диплома?

Да биде појасно, се работи за платен курс, скап неколку десетици илјади евра, со кој може да се стекне секој граѓанин со завршен факултет во земјава, само доколку има доволно пари за него за да може да плати и да го посетува, вели Стоилковски.