Владата да не бега од референдум, да не се плаши од народот. Влада што навистина постигнала историски успех нема зошто да се крие од народот. Ова го порача портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски на прес конференција која ја одржа пред зградата на владата.
-Доколку владата на ДУИ/СДСМ сметаат дека постигнале нешто големо, нека излезат на референдум пред народот. Нема потреба од забави во 15 градови, доволно е да се прифати собирање потписи за иницијатива за референдум.
Само народот е суверен во секоја држава, дури и во Македонија. Тој мора да може да каже дали е ова историски успех или историски чин на предавство, асимилација и бугаризација на Македонија.
Владата мора да го провери овој чекор пред народот, ДУИ/СДСМ мора да проверат дали се во право тие, или оние интелектуалци и општествени дејци коишто, за жал власта ги нарекува „хистерични“.
Почитувани, Владата прифати документ којшто не носи европска иднина, туку асимилација, само со една цел фотографирање во Брисел и нова лага за купување ден повеќе на власт.
Јасно е, прифатеното од ДУИ/СДСМ носи само до два порази- или бесконечни преговори, или асимилација по бугарски терк, вели Стоилковски.