Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски одржа прес конференција на која покажа фотографија од Зоран Милевски-Кичеец како седи во кафеана. Но, познато е дека затворот во Струга е со полуотворен тим, Кичеец ги користи викендите, а потоа се враќа во затворот.
-Зоран Милески, Кичеец или Кичевскиот, човекот осуден на затворска казна, човекот снимен како ги носи парите од рекет, човекот снимен којшто ја носи полна со пари онаа Луј Витон торба, пари што според исто така осудениот Боки 13 завршиле кај Зоран и Вице Заеви, наместо во затвор, седи и се гоштева по летните тераси на меаните! Ова е скандалозно, но и очекувано. Режимот на мафијата, преку правосудниот систем во пупка, наместо на отслужување на затворска казна, Кичеец го смести во Струга, во затвор од отворен тип, од каде што затворениците излегуваат надвор! За да заврши во Струга, наместо во Идризово или во Штип, тој ја менува адресата на живеење непосредно пред крајот на судскиот процес, што иницира, што посочува, индицира само на една работа, а тоа е дека можеби му било ветено дека ќе заврши токму в отворениот затвор во Струга. Милески, Кичеец, Кичевскиот, е десна рака на режимот на мафијата, човекот кој што е организатор на „Рекет“ заедно со Катица Јанева, пуленката на Заев, и Боки 13, , Кичевскиот е врзан во бизнисот меѓу Дака и режимот на мафијата, за што и Заев потврди дека влијаел на одлуките на тетовскиот Совет за „ШИК Јелак“, Милески Кичеец, Кичевскиот е човек кој што одработувал за режимот на мафијата, и сега иако цел свет го виде како излегува и заминува со полната Луј Витон торба, полна со рекет, наместо в затвор, ужива на летните тераси, вели Стоилковски.