Блокирање на патни правци и делници; Воспоставување нов режим на движење; Блокада на простор; Воспоставување на контролни пунктови; Пребарување и претрес на терен; Следење на социјални мрежи… и така натаму и така натаму.
Ова е дел од планот на мерки и активности на власта на СДСМ /ДУИ којшто е во сила и којшто јасно укажува на „недостаток на електрична енергија и пораст на цената на електричната енергија“, проследено со „реални безбедносни предизвици кои може да рефлектираат и економски, социјални и безбедносни појави со негативни последици, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски на денешната прес конференција.
Тој покажа документ, за кој тврди дека МВР веќе две недели се подготвува за долга и тешка енергетска и економска кризна состојба! И план којшто нема да заврши на 9 декември кога истекува кризната состојба во Македонија воведена заради енергетската криза. Бидејќи таа очигледно нема да заврши, вели Стоилковски.
-Планот што го држам во рака, јасно укажува колкава е вистинската енергетската криза, дека состојбата е катастрофална и дека СДСМ/ДУИ немаат стратегија за излез од неа. Напротив, овој план укажува на драматични долгорочни состојби со вознемиреност кај граѓаните и план кој предвидува нарушување на јавен ред и мир.
СДМ/ДУИ ја сокриваат вистината. Овој план укажува дека кризната состојба не е воведена на кус рок за „вбризгување на финансиски средства во енергетските компании со цел да се стабилизира состојбата на пазарот на електрична енергија“ и дека тоа не ги надминува последиците. Зар за така кус рок – од 16 ноември кога е влезен во сила овој документ до 9 декември кога завршува кризната состојба, за само две недели, МВР изработува план за набавка дрва за греење и агрегати за струја за секоја станица или објект?
Планот укажува дека СДСМ/ДУИ се подготвуваат за долги рестрикции на струја, односно власта крие дека, го цитирам министерот Бектеши „не се предвидени рестриктивни мерки“.
Почитувани, наместо да се преземат конкретни чекори за излез од кризата, наместо да се преземат мерки за одговорност за ваквата состојба, СДСМ/ДУИ планираат воведување на рестрикции и притоа вистинска состојба на полициска држава со следење, блокирање, забрани за движење.
СДСМ се најодговорни за ваквата состојба, економомска енергетска криза, поскапување кое и СДСМ/ДУИ не може да бидат дел од решението, вели портпаролотна ВМРО-ДПМНЕ.