На денешната прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски запрашан за тоа како ја коментира изјавата на американскиот Стејт департмент дека корупцијата има потенцијал да ги поткопа стратешките амбиции на Македонија, тој истакна дека тоа е уште еден доказ за тоа што со денови ВМРО-ДПМНЕ го тврди дека СДС и ДУИ вон процедура изгласаа амнестија за бројните неказнети криминали.

„Ова е само уште еден доказ за тоа што со денови го тврдиме, дека СДС и ДУИ или ДУИ и СДС вон  процедура, надвор од логика, изгласаа амнестија за себе и за бројните неказнети криминали и коруптивни скандали, плашејќи се од изборите и она што ќе следи по изборите. Но, едно ќе ветиме, а тоа е дека одговорност ќе има за сите“, посочи Стоилковски.