Од јавен интерес е да се одговори зошто се срушени сите рекорди во пари за тендери од ваков тип? Во три години, 15 па 25 милиони евра, за иста услуга?
И зошто за прв пат беше воведена пракса вакви договори да се прават на три години?
Како е можно Секретарот на Влада, да даде толкав тендер на колега на тогаш министер, а сега премиер, плус тоа сега и на странски дипломат? Владата во 2021 го прифаќа Андонов, колегата на Ковачевски, за дипломат, конзул на Грузија во Македонија и му отвора конзулат. Ваков тип на договори, односно лиценци за програми треба да овозможат и безбедност, а тоа се дава на странски дипломат?
Почитувани, што тоа е подобрено во овие три години за да се плаќа 10 милиони евра повеќе? Се што значи компјутер и администрација колабираше во овие три години- од катастар, преку МВР, здравство, правда, судство, матична евиденција, онлајн образование.
Почитувани може да молчат и молкот е потврда дека зад оваа зделка лежи можна корупција и можен криминал!