Ова овде и ова зад мене се дел од списоците доставени од укажувач, на коишто јасно се гледа дека стотици автомобили на функционери од власта и членови на Демократскиот сојуз, на СДСМ, на ДУИ биле ослободени од плаќање паркинг во Скопје, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
Како што тврди тој, возилата на листите се на имиња на Борче Јакимовски најчесто и на Владимир Кроневски, кој што се доскорешни директори на паркингот во Скопје, инаку членови на претседателството на Демократскиот сојуз на Павле Трајанов, дел од владината коалиција на СДСМ и ДУИ. Возила има и на име на Славче Јовановски, актуелен советник во Град Скопје. Инаку, и тој дел од највисокото раководство на Демократскиот сојуз на Павле Трајанов, вели Стоилковски.
-Почитувани, јасно е дека ова се списоци коишто укажуваат дека Демократскиот сојуз е во власта и е сателит на СДСМ за да може врз грбот на народот да ползува бенефиции. Во спротивно овие тројца кој што ги набројав, Јакимовски, Кроневски, како и Јовановски сами имаат околу 400 возила кои што ги пријавиле за неплаќање паркинг, речиси на сите зони во Скопје, додава портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.
,