Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски ја обвини власта дека и по два дена од скапата церемонија за почеток на градбата на Коридорот 8, на местото нема ништо од работа, нема механизација, нема работници, нема почеток на градба.

„ Фрлија лопата, направија реклама и толку. Нема ништо, уште една празна нива, празен градежен плац посеан со лаги. СДС и ДУИ се церемонијал, мајстори за промоција на проекти и инвестиции што потоа никаде ги нема.

Дали церемонијата беше потребна за да се испере Артан Груби од скандалот поврзан со градбата на Коридорот 8 и 10 или беше потребно за да се обезбедат пари за фирма миленичка на ДУИ, ако веќе нема пари за печатење на учебници? Ова празна нива е вистината за владеењето и за лагите на СДС и ДУИ. Ова е сликата за иднината со СДС и ДУИ, скапи церемонии, скапи свечености, фирми блиски до ДУИ и СДС и празни градежни плацеви“ изјави Стоилковски.

Според него, само избори се спасот од тонењето на Македонија.