На прес-конференција, потпраролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, објави дека на Универзитетската клиника ТОАРИЛУЦ владее невиден хаос.
Според него, цела недела 4 лифта не работат, ниту двата мали кај влезот, ниту двата кај трауматологија, па пациенти со скршеници, но и оние што одат на контрола или во посета, или треба да одат по скали или да се туркаат со оние лифтови кон операционите сали.
– Од минатата сабота трае проблемот со системот односно цевководот за кислород до операциски сали, цела недела нема испитување што е, што мириса, дали е загадено, дали навистина има јаглерод диоксид. Во меѓувреме, со потпис со лична согласност, луѓе се оперираат на сопствен ризик!? Докази за тоа има во самата Клиника, неколку операции се извршени, дури и една врз дете. А, ако е се во ред, зошто тогаш нема план за операции за од понеделник?, истакна Стоилковски.
Тој додаде дека од 15-ти март има тендер од 2 милиони евра за санација, ова е првата страница од тендерот, потпишан на 15-ти март, но не се создадени услови за да се почне со санацијата.























