-Македонија гори, Стојанче Ангелов споделува цртежи на социјални мрежи! Македонија гори, Ангелов се фали со карикатури. Целосна одлепеност од реалноста на оној кому што му е оставена сета заштита на државата, обвинува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Наум Стоилковски вели дека Македонија е во кризна состојба, беснеат пожари, а нема системски одговор.

-Ова е прв пат волонтери од странство да дојдат да гаснат пожари во Македонија. А власта одмора, споделува цртежи и тера личен маркетинг! Напорите за справување со огнената стихија ја координираат Австријци, Словенци и други странци. Странските медиуми ја претставуваат Македонија како да е во 14 век, за тоа време унапредениот Стојанче споделува цртежи и си игра со гранчиња. Тоа е системот на СДСМ во кризна состојба, среде оган. Власта дезертираше, среде кризна состојба. Замина на одмор, се врати, се сликаше, го изеде месниот нарезок на пожарникарите и повторно ја снема! Нема друг случај во Европа каде премиер и минситри дезертирале, ја напуштиле државата за време на соочување на земјата со голема криза и загрозени човечки животи, обвинува Стоилковски.