– Ковачевски спротивно на законот во ИО на партијата, високо партиско тело, ја именува Доц. д-р. Ана Данева Маркова, од Клиниката за гинекологија, којашто е Продекан за специјализации и супспецијализации на медицинскиот факултет при УКИМ.

Пиунот Ковачевски, на најгруб начин го крши Законот за високо образование, донесен од СДСМ во 2018 година, којшто е дециден дека „Вршењето на должноста декан и продекан, е неспоиво со вршење на друга јавна функција или функција во политичка партија“.

Ковачевски спротивно на законот, ги именува Ана Данева Маркова продекан од медицинскиот факултет, како и Мишко Ралев, декан на Факултетот за архитектура и дизајн, на високи партиски функции, како членови на Извршниот одбор на СДСМ. – реагираа од ВМРО-ДПМНЕ.