Оливер Спасовски се крие зад флоскули на Фејсбук и не одговара на колку криминалци со досие од списокот „Безбеден град“, МВР со Музафер Каришиќ им издале дозвола за оружје?, обвинува Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

На прес конференцијата тој порача:

Дали Каришиќ со комисијата составена од Оливер Спасовски дал одобрение за оружје за Шукри Асани, лице со досие, осомничен за транспорт на кокаин, член на криминалната група од Грчец, меѓу првите десет за проверка во Скопје?

Чуму листа на криминалци со досиеја за тежок криминал, чуму проверки, покривање, следење и обработка,  чуму план „Безбеден град“, ако Каришиќ со комисијата на Спасовски им дава дозвола за оружје?

Колку криминалци со досие добиле дозвола за оружје од комисија составена од Оливер Спасовски?

Ова се прашања коишто не смеат да се игнорираат!

Каришиќ е лице од доверба на Спасовски и на Тасевски, а началникот на крим-полиција е и прв во комисијата за Одобренија за оружја!

Срамота е Спасовски да се крие  на Фејсбук по скандал дека полиција дава дозволи за оружје на криминалци, додека се случуваат брутални мафијашки ликвидации во центарот на Скопје.

Македонија ова со ништо не го заслужила! Неопходни се одговори и одговорност, а не шурување со криминалот.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски одговарајќи на новинарско прашање за изјавата на Бујар Османи дека наскоро ќе има премиер Албанец, истакна дека ДУИ му ги брои месеците на Ковачевски кој сите го гледаат како привремен, а тој за кој Османи зборува ќе биде само продолжение на процесот на дуизација на институциите кои и меѓународната ги оцени како корумпирани.

Стоилковски нагласи дека не само што голем дел од јавноста го перцепира Ковачевски како нелегитимен премиер, туку и коалициските партнери во владата го гледаат само како привремен премиер кој наскоро ќе биде сменет.

–  Привремен премиер на Кого ДУИ му ги брои месеците пред да го сменат, без авторитет ниту во државата ниту од министрите во владата.  Премиерот што го најавува Османи е продолжение на процесот на дуизација на институциите од меѓународната заедница оценети како корумпирани, рече Стоилковски.