Пишува Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Владата на Димитар Заев Ковачевски со својот прв предлог законски текст испратен до Собранието директно порача да се суди за мислење! Ете до таму е демократијата во Македонија, или во стилот на една позната реплика, за Владата „И со демократијата се претера“. И најдрско законот не се повлекува!

Во предлог за измени на Законот за граѓанска одговорност буквално пред суд се доведува за мислење. Првичната верзија на текстот од министерството на Тупанчевски имаше вградено формула да се суди за „негативно мислење“. Да, под притисок на јавноста Владата вели ќе биде амандмннски интервенирано. Но како? Со замена на „Негативно мислење“ со „омаловажувачко и понижувачко мислење“! Одговорот од Правда е безмалку смешен. Видете, освен што се синоними „омаловажувачко“ и „понижувачко“ сепак тука имаат само улога на придавка. Објектот за којшто може да се заврши на суд е МИСЛЕЊЕ! Ќе се суди за мислење, за изразување на мислење!

Каков израз на демократски чин би била информацијата „на денешното рочиште против Н.Н. кој што јавно изрази мислење дека владата на СДСМ-ДУИ е извор на корупција…“?

Вториот момент од измените на Законот за граѓанска одговорност, којшто исто така е многу важен за степенот на демократијата со СДСМ-ДУИ, е воведување на терминот „очигледен идентитет“! Каква паушалност во еден закон по кој што може да ве казнат. Значи, се остава простор за нов правен стандард. За објаснување, правен стандард, описно, е кога во законот за регулирање на куќните совети е наведено дека се очекува назначениот да биде „добар домаќин“, па остава простор за толкување што се подразбира. Сега во закон за регулација на навреда и клевета се остава правен стандард, препознавање со терминот „очигледен“.

Или, ако јас напишам „И со путерот се претера“ со фотографија од растопен путер, во временска димензија кога има некаков скандал во земјоделството, министерот Љупче Николовски за кого што се врзува една путер афера, може да ме тужи заради самопрепознавање, или очигледност кај судот.

Луѓе, ова е далеку од демократија. Под превезот дека се намалуваат казните за навреда и клевета против новинари, од сегашните максимални 2.000 евра на 400 евра отштета, власта одигрува на картата на квантификација на случаи. За да пластично ви ја доловам состојбата на недемократскиот потег, заради казнување на мислењето, но уште повеќе заради „очигледноста“, двата моменти со голем дијапазон на субјективност, под притисок ќе бидат сите- медиуми, јавност, а најмногу хуморот и сатирата! Замислете со ваков закон било кој да напише хумореска или да изведе скеч, во кој што можеби во еден ист момент ќе се самопрепознаат половина влада? Која е таа редакција или група која што тоа би го издржала?

Залудни се сите нивни владини и партиски зборови за европеизација, кога овој чекор е дијагонално спротивен од Европскиот суд за човекови права каде буквално стои дека функционерите, јавните личности, политичарите, власта особено, мора да има поголем праг на толеранција кон критиката.

Не бе луѓе, со СДСМ – ДУИ тонеме во режим. И она мерење на демократијата, каде од хибриден режим, се преминало на демократија, се должи на изборите. Напреднала Македонија заради фингерпринтот „на ВМРО“. Уште повеќе поизборите и победата на ВМРО-ДПМНЕ, Македонија мрдна од режим 🙂

📞Ало дечки, џабе ќе забранувате мислење, Македонија напредува само со рушење на СДСМ-ДУИ!