Демократскиот сојуз признава дека постојат овие списоци, ама се уште се обидува да биде брана за СДСМ/ДУИ. Она што го претставуваа за паушално од вчера има и потврда од нив самите дека овие списоци се вистинити и дека постојат, вели Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Како што вели тој, Демократскиот сојуз треба да излезе и јавно да каже дали членовите на претседателството на партијата обезбедувале бесплатни услуги за функционери од Демократскиот сојуз, СДСМ, ДУИ и останатите пратии на власт?
-Зошто зад името на директорот и неговиот заменик, високи партиски функционери на Демократскиот сојуз Кроневски и Јакимовски, како и на Славчо Јакимовски стојат имињата на шефот на кабинет на Ковачевски, Мартин Попов, како и на табличката на неговиот автомобил Голф 6, името на Миле Зечевиќ и неговото возило, стои името на Душко Весковски од Водовод, или на Златко Марин или секретарот на СДСМ во Аеродром, прашува Стоилковски.
Од ДС на Павле Трајанов велат дека ВМРО-ДПМНЕ продолжува со конструкции и обвинувања.
-Само луѓе со криминален ум може да прават монструозни конструкции и да обвинуваат без ниту еден факт и доказ дека некој правел злоупотреби и криминал. Членови и активисти на ВМРО-ДПМНЕ се конструктори на ексел табели со вградување на лажни податоци или злоупотреба на податоци од редовната активност на компанијата. Ја информираме јавноста дека, никој од Демократскиот сојуз не бил корисник на повластени карти за паркирање, ниту пак на било кој начин Демократскиот сојуз посредувал или влијаел некој да биде повластен при користење на паркинг место Лицата кои ги спомнува ВМРО-ДПМНЕ, oд ДС, како повластени, сите се вработени во ЈП Паркинзи и имаат бесплатен паркинг, како што тоа е и сега со одлука на новиот директор поставен од ВМРО-ДПМНЕ.Инаку во ЈП Паркинзи се вработени над 270 лица претпријатието има законска обврска голем дел на возила да ги ослободува од плаќање на паркинг, кои исто така се злоуптребени, велат од оваа партија.