Каевски како пратеник е должен да одговори дали зданието изградено пред три години на местото на неговата стара куќа, е изградено во времето кога беше директор на Агенцијата за млади и спорт? И ако е така, дали Каевски направил злоупотреба на својата директорска функција за да без стеги и страв од општинските инспекции изгради куќа без документи?, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Тој вели дека Каевски мора да одговори на овие прашања како и дали куќата е изградена во време кога со Ѓорче Петров самоволно владееше СДСМ преку Александар Наумовски?

-Каевски располага со милионски банкарски сметки, со повеќе станови, од кои барем еден лично го купил.

Каевски според биографијата од 2017-та година е државен службеник, станува директор на Агенцијата за млади и спорт, а од 2020-та е пратеник на СДСМ во Собранието. Значи веќе шеста година Дарко Каевски живее од буџетска плата.

Почитувани,

Дарко Каевски на возраст од само 30-тина години има имот и банкарска сметка коишто се ретко достижни и за луѓе со 30 годишен работен стаж!

Почитувани,

Самоволието и лукративноста на СДСМ ја втурна Македонија во тешка криза, а народот е се посиромашен. Наместо за државата и граѓаните, се мисли за раст на сопствениот имот. Секој еден ден со СДСМ на власт е поскап од брзи предвремени парламентарни избори, вели Стоилковски.