Македонија тоне во рецесија, народот тоне во сиромаштија, цените растат до небо, ама на мафијата и на нејзините експоненти, се им е евтино. Евтино им е како одмор во Мексико, или можеби како викендичка на Скопска Црна Гора, или можеби евтино како џип од 70 и нешто илјади евра. Толку е евтино што и не се пријавува енормната разлика во богатство до антикорупциската комисија – стои во коментар на денот на ВМРО-ДПМНЕ, пренесен преку партискиот портпарол Наум Стоилковски.
Тој посоува дека првиот човек до Зоран Заев во владата на мафијата, Драги Рашковски, нема година, а да не експлодира скандал поврзан со него. Скандали експлодираат, ама институционална завршница нема.
Па како е можно, Драги Рашковски да се извлече нечепнат од „Леонардо“, за апла договарање тендер вреден 8 милиони евра и си остана во Влада? Како е можно, Драги Рашковски да е фатен жив со набавка на нефункционален софтвер за МВР, притоа ист каков што самиот измислил, ама уште си седи во Влада? За Драги Рашковски зборува и оној Дака кога раскажува за црни пари за кампањи, за имоти, за бензински пумпи, па како е можно ене го Драги Рашковски уште во Влада? Како е можно, Драги Рашковски да летува евтино во Мексико, додека обвинителството превртува документи во Влада, за Рашковски да си се врати повторно на работа, повторно во Влада? Влакно не му фали на Драги Рашковски. И, како велат во мафијата – „одозгора на тога“. Како е можно уште и самиот да се фали дека лично тој е одговорен за борба со короната, за да бидат нештата појасни зошто Македонија е црна здравствена дупка, со стотици погреби секоја недела – велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Стоилковски јавно му постави неколку прашања на Драги Рашковски, посочувајки дека поранешниот генерален секретар избега од дуелот што самиот го бараше.
Вистина ли е, Драги Рашковски, дека си се подновил со нов џип од 70 и нешто илјади евра?
Вистина ли е Драги Рашковски, дека градиш викендица кај Побожје, Скопска Црна Гора?
Вистина ли е, Драги Рашковски, дека планираш голем градежен зафат на Скопска Црна Гора, викенд населба распослана на околу 25.000 м2?
Вистина ли е, Драги Рашковски, дека зголемувањето на личното богатство не соодветствува на легалните примања?
Вистина ли е, Драги Рашковски, дека во разговорот за тендерот познат како „Леонардо“, си свесен дека таков разговор не смееш да водиш?
Вистина ли е, Драги Рашковски, дека набавката на софтверот си ја направил на своја рака, знаејќи дека не е компатибилен со постојниот систем на МВР?
И последно прашање, вистина ли е, Драги Рашковски дека си бил одговорен за справување со короната, а со тоа и за набавки на вакцини, но и дали е вистина дека тоа било плаќано вон платата во Влада?
Драги Рашковски не очекувам да одговори на сите овие прашања, ќе се сокрие, како што се сокри од дуелот кој што сам од Мексико го побара.
Едно е јасно, функционери и блиски на мафијата обесени на државниот буџет енормно се богатат, додека народот паѓа во се поголема сиромаштија. Мафијата презема контрола на се, а институциите молкум гледаат како мафијата се богати од црните бизниси.