За време на презентацијата на својот тим, новиот министер за надворешни работи на Бугарија Светлан Стоев најави дека прв приоритет ќе биде враќање на довербата и интензивирање на билатералниот дијалог меѓу Бугарија и Република Северна Македонија.
Според Стоев, ова е актуелно прашање за кое треба да се разговара.
-Се обидуваме да кажеме јасно, не само на македонската страна, туку и на нашите партнери, дека нашата политика е конзистентна. Предлагаме продлабочување и рестартирање на дијалогот. Втората точка на која се работи е враќањето на темата во рамките на нормалните европски формати, каде што за овие прашање треба да дискутираат земјите-членки на ЕУ и на Бугарија да ѝ се дадат гаранции дека билатералните договори ќе се спроведува во иднина. Овој мониторинг од страна на ЕУ е гаранција дека договорите кои се потпишани и кои треба да се потпишат ќе бидат имплементирани. Ова е стратегијата. Очекуваме конструктивен дијалог од страна на Република Северна Македонија, вели Стоев, пренесува БГНЕС.