Претседателот на Фондацијата „Македонија“, Виктор Стојанов преку социјалните мрежи се огласи и порача дека Пендаровски ќе одговара за неонацизам, додавајќи дека во ЕУ нема место за нацисти. Ова тој го напиша по вчерашните изјави на шефот на државата, Стево Пендаровски, дека Софија треба да се извини за депортацијата македонските Евреи во Треблинка.